Симсон: ЕУ разговара за потенцијално зголемување на испораките на гас

Од:

Европската унија разговара со партнерите за потенцијално зголемување на испораките на гас во европскиот блок, изјави денеска комесарката за енергетика Кадри Симсон по состанокот со европските министри за енергетика во францускиот град Амиен.

Недостигот на гас во Европа, за кој се обвинува Русија, доведе до скок на цените на енергијата, додека Москва негира дека манипулира со испораките.

Симсон рече дека ќе присуствува на конференции во Азербејџан и Вашингтон во февруари на кои ќе се разговара за начините за зголемување на испораките на гас во Европа.

– Нивото на складиран гас во ЕУ е значително пониско од вообичаеното во овој период од годината, рече таа.

На средбата во Амиен, министрите разговараа за неизвесноста на пазарот предизвикана од кризата во Украина и значителниот пад на приливот на гас од Русија во последните месеци, рече Симсон.

– Мојата порака е дека Европа има силна, добро диверзификувана и отпорна гасна инфраструктура и јасни процедури за солидарност во случај на вонредни ситуации, рече таа.

– Но, мораме да останеме исклучително внимателни, да ја подобриме нашата подготвеност да преземаме ризици и да ја зајакнеме солидарноста меѓу земјите-членки, додаде Симсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија