Носителката на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1 Гордана Силјановска-Давкова денеска беше во посета на Сопиште од каде што истакна дека „има шанса да се обнови тоа што остана, но за тоа е потребна промена на власта.“
– Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта ќе работи на обнова на Македонија, за младите да останат во државата и за таа цел ќе се донесат најмалку четири милијарди странски и домашни инвестиции, ќе се покачат платите за 25 проценти, пензиите за 20 проценти, а за младите до 29 години при нивно вработување бизнисот ќе биде ослободен од давачки, истакна Силјановска Давкова.