Швајцарија и Кина потпишаа договор за слободна трговија

Од:

Претставници на Кина и на Швајцарија потпишаа во Пекинг договор за слободна трговија, јави Синхуа.

По преговорите што траеја две години, министерот за трговија на Кина Гао Хучан и швајцарскиот министер за економија Јохан Шнајдер Аман го потпишаа договорот меѓу двете држави.

Швајцарија е првата европска држава што склучи таков договор со Кина. За Швајцарија, Кина е третиот трговски партнер, по ЕУ и САД. Минатата година трговската размена меѓу двете држави била 18,12 милијарди швајцарски франци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови