Шулц побара хуманитарна програма за Грција

Од:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц синоќа побара хуманитарна програма за Грција.

– Треба да го почитуваме гласот на Грците, тоа е тежок ден. Ветувањата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека „не“ на референдумот ќе ја подобри позицијата на Грција во преговорите, за мене се неточни. Ситуацијата е тешка, Грците кажаа „не“, но другите 18 земји од еврозоната го одобрија предлогот. Тоа е демократија во Грција, но демократските влади и парламенти во државите во еврозоната гледаат нешто различно, изјави Шулц.

Тој посочи дека сега грчката Влада треба да претстави предлог со кој ќе ги убеди 18. земји во еврозоната и институциите во Брисел дека обновувањето на преговорите има смисла. Шулц изрази и песимизам дека банките во Грција ќе отворат и дека ќе имаат пари.

– Според мене Грците секој ден ќе се соочуваат со се повеќе тешкотии, би требало најдоцна до вторник, на седницата на лидерите на еврозоната, да разгледаме програма за хуманитарна помош, истакна Шулц, додавајќи оти грчката Влада ќе излезе со предлог, со кој ќе можат да се обноват преговорите.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки