Штрајк во „Рајанер“, се очекува голема блокада

Од:

Екипажот на ирската авиокомпанија „Рајанер“ најави координиран штрајк во четири европски земји, изјави претставникот на синдикатот Антонио Ескобар.

– Датумот на стапување во штрајк на екипажот во Шпанија, Португалија, Италија и Белгија ќе биде објавен утре, кога властите во Италија ќе дадат согласност, истакна Ескобар, најавувајќи дека штрајкот би можел да опфати и други земји.

Екипажот им се придружи на пилотите од „Рајанер“, кои во вторникот најавија штрајк за 12 јули, тврдејќи дека најголемата европска нискобуџетна авио компанија не ги подобрила доволно условите за работа.

Тие денеска објавија листа со 34 барања, меѓу кои се зголемување на минималната плата и исплати за време на боледување, а работниците бараат и договорот за работа да биде на нивниот јазик, врз основа на локалниот, а не на ирскиот закон.

„Рајанер“ сообраќа во 37 земји и превезува 130 милиони патници годишно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион на Рајанер во борба со невремето, не успеа да слета

Повторно штрајк на вработените во авиокомпанијата Рајанер во Белгија

А1он

Рајанер: Евтини билети од 10 евра нема да има поради скапото гориво

А1он

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Ана Ололовска

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото

Ана Ололовска

„Рајанер“ ги зголеми проценките за превоз на патници во наредните години

А1он