Повторно штрајк на вработените во авиокомпанијата Рајанер во Белгија

Од:

Вработените во авиокомпанијата Рајанер (Ryanair) во Белгија почнаа тридневен штрајк, поради што претстојниот новогодишен викенд ќе бидат откажани десетици летови.

Се претпоставува дека штрајкот во Белгија нема да влијае врз сообраќајот на Рајанер во другите држави.

Аеродромската служба на Шарлроа, вториот по големина аеродром во Белгија, од каде што голем број летови одат кон Медитеранот, соопшти дека денеска се откажани 48 летови на Рајанер, додека од тридневниот штрајк ќе бидат погодени 22.000 патници.

Вработените во Рајанер во Белгија годинава неколкупати штрајкуваа, жалејќи се, меѓу другото, дека менаџментот на компанијата илегално повремено ги праќа на работа на друго место низ Европа, особено во Даблин, Ирска.

Персоналот на Рајанер во Белгија најави штрајк и на 7 и 8 јануари 2023 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион на Рајанер во борба со невремето, не успеа да слета

Рајанер: Евтини билети од 10 евра нема да има поради скапото гориво

А1он

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Ана Ололовска

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото

Ана Ололовска

„Рајанер“ ги зголеми проценките за превоз на патници во наредните години

А1он

Авион на Рајанер принудно слета во Берлин поради закана за бомба

Катерина Ѓуровски