Штипските јавни претпријатија оствариле добивки

Од:

Штипските јавни претпријатија денеска на Комисијата за урбанизам и комуналии дадоа отчет за сработеното и финансиските резултати во текот на изминатите шест месеци.

Директорот на комуналното претпријатие „Исар“, Никола Мицевски вели дека во текот на изминатите шест месеци претријатието остварило добивка од 10 милиони денари, средства кои веднаш ќе ги искористат за подмирување на рата од кредитот кон ЕБОР и за санација на дел од застарената водоводна мрежа.

– Голем успех е што „Исар“ во текот на изминатите месеци направи приклучување на населбата Караорман и на Техношко индустрсиката развојна зона со Филтер станицата, а притоа драстично да не се почуствуваат поголеми проблеми со водоснабдувањето на граѓаните, рече Мицевски.

Штипското претпријатие „Стипион 2011“, кое е одговорно за одржување на улиците и тротоарите, во текот на изминатите шест месеци има оставрено добивка од 100.000 денари.

Директорот на „ЈП Стипион 2011“, Тони Јовев вели дека изградени се неколку спортски игралишта, а асфалтирани се и улици низ централното градско подрачје.

Во наредните месеци ќе се санира тротоарот од Македонија пат до Мал одмор, кој е и најфреквентен бидејќи по него пеш се движат студенти и работници кои работат во индустриските зони, а ќе се санира и мостот во населбата Сењак и тротоари во штипско Ново Село.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он