Штипската фабрика за рециклирање на пластичниот отпад оствари добивка од два милиони денари

Од:

Во фабриката за рециклирање на пластичен отпад на штипското комунално претпријатие „Исар“ се преработуваат месечно од 15 до 20 тони, истакна на денешната прес-конференција директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев.

Тој забележа дека граѓаните пополека стекнуваат навики за селектирање на отпадот, со што се стекнуваат и со одредена економска добивка.

– Ние неодамна набавивме и 300 канти за исфрлање на сметот, набавивме и мали жолти и зелени пластични контењери за самите домаќинства, а од кои во жолтите се исфрла пластиката и подоцна се преарботува. Набавивме и четири нови камиони, четири трактори за исфрлање на сметот се со цел да се подобри комуналната хигиена, односно се со цел навреме да се исфрла ѓубрето во Општина Штип, вели Бојаџиев.

Тој истакна дека како комунално претпријатие почнале и со собирање на стаклен отпад, а најави дека работат и на проект за преработка на органскиот отпад. Фабриката за преработка на палстичниот отпад досега оставрила добивка од два милиони денари.

Би можело да ве интересира

Со закани изнудиле 500 евра, запалиле автомобил – притвор за двајца штипјани

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Со „југо“ удрил во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот

33-годишен маж од Штип во напуштен објект ја убил својата вонбрачна партнерка

Горан Наумовски

Запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип

Катерина Ѓуровски

Штипјанец ги нападнал членовите на неговото семејство