По трагедија во Кочани: Штипјани рекоа „Доста е“

Од:

Во тишина, со транспарентот „Доста е“ на кој беа испишани имињата на петмината штипјани загинати во дискотеката во Кочани, како и датумите на сите големи несреќи во земјава вечерва се одржа собир во Штип.

Штипјани со длабока тага во потполна тишина им оддадоа почит на загинатите.

Роднини, другари, другарки, граѓани се собраа на Градскиот плоштад „Слобода“, а потоа во поворка одеа низ улиците на Штип, поминувајќи покрај соборниот храм „Свети Никола“, каде што биеше и камбаната, по што по улицата покрај кејот на река Брегалница повторно се вратија на Градскиот плоштад „Слобода“.

Би можело да ве интересира

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе ја затвориме истрагата за пожарот во Кочани

А1он

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост за двајцата поранешни директори на ДПИ осомничени за „Пулс“, бара Обвинителството

Катерина Ѓуровски

Седуммина осомничени за пожарот во Кочани од ефективен одат во куќен притвор

А1он