Огромен дел од здравствената заштита на повредените во Кочани е покриен од државата, тврди Клековски

Од:

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска изјави дека бројот на поплаки од семејствата на повредените во пожарот во Кочани е значително намален и дека огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата, а не од донации.

– Еден дел од барањата не се за лекови, туку се во однос на боледувања кои веќе излегуваат надвор од законот, а ние не можеме да правиме нешто надвор од законот. Во однос на боледувањата, дел се однесуваат за должината на боледувањето на придружниците и колку придружници можат да користат боледување, бидејќи нашиот закон во основа предвидува еден придружник и ограничено време. Меѓутоа бараме решение и за ова бидејќи сме свесни дека се уште имаме повредени пациенти во болница, рече Клековски во изјава за медиумите дадена по денешната средба со медиумите на која даде осврт на сработеното во изминатата една година.

Во однос на состојбата на пациентката што се наоѓа во „Систина“, Клековски информираше дека таа се уште се наоѓа на интензивна нега, но дека нејзината состојба е стабилна. Вториот пациент, кој исто така е згрижен во „Систина“, се уште е на интензивна нега заради повторување на инфекции и покрај тоа што се третира со најсовремени антибиотици.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. Повредените по првичниот третман беа препратени на лекување во странство, а по нивното враќање во земјава сега се во процес на рехабилитација.

Би можело да ве интересира

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Клековски и бугарската колешка премолчано се согласиле дека случајот со Ива Михаилова е правно прашање

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Нема здравствен случај кај Михајлова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа, вели Клековски

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне во втората половина од месецов