Шпанија го зголеми ДДВ-то на 21 процент

Од:

Од денеска во Шпанија влегува во сила новата стапка на Данокот на додадена вредност (ДДВ), што се крева од 18 на 21 процент.

Мерката е дел од пообемниот владин пакет за штедење.

Шпанија планира со крајот на 2014 година да заштеди 120 милијарди евра, неодамна соопшти владата.

Оваа сума го вклучуваи пакетот за штедење вреден 65 милиарди евра, што беше објавен во јули и кој предвидува покревање од денеска на стапката на ДДВ (поскапувања проценети на 35 милијарди евра), како и укинување на божиќните бонуси за државните службеници и намалување на регионалните буџети за здравство и образование.

Се очекува новиот ДДВ да ги зголеми цените на производите за Шпанците, кои и без тоа страдаат од намалување на платите и невработеност од околу 25 проценти, забележаа агенциите.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски