Шест гевгелиски компании на листата на „Топ 200 најголеми и најуспешни“

Од:

Групацијата „Принцес хотел и казино“, пластичарската фабрика „Конти Хидропласт“, фирмата „Макотен“, ланецот бензински пумпи на фирмата „Шимов транспорт и компани“, „Текстилна коорпорација“ и фабриката за овошни и земјоделски преработки „Випро“, сите со регистрациско седиште во Гевгелија, годинава се најдоа на листата „Топ 200 најголеми и најуспешни“за 2012 година.

Анализирајќи го работењето на најголемите македонски компании според годишноостварениот вкупен приход, од споменатите гевгелиски фирми највисоко во друштвото меѓу најголемите се најде „Принцес хотел и казино“ со реализиран вкупен приход од 1.645.703.769 денари, што му ја обезбед и 62-рата позиција.

За три места подолу, на 65-тото место,се наоѓа фирмата за обработка на пластични, полиетиленски и полипропиленски црева за водовод, одвод и гасовод „Конти Хидропласт“,која остварила забележителен годишен приход од 1.513.896.154 денари.

Во првите сто најголеми фирми на 99-та позиција со остварен годишен приход од 1.093.233.932 денари е и фирмата „Макотен“, која е правен застапник на хотелот и казино „Фламинго“.

Четвртата гевгелиска фирма меѓу 200-те најголеми компании во Македонија за минатата година е и „Шимовтранспорт и компани“ со приход од 850.276.148 денари, што ја поставува на 143-тото место на листата.

Преку анализата на нето-добивката за минатата година, според релевантните податоци доставени до државните финансиски институции,  групацијата „Капитал Медиа Гроуп“, која е издавач на едицијата „Топ 200 најголеми и најуспешни“ направи листа на најуспешните во работењето во текот на 2012 година.

И по овој критериум четири гевгелиски компании повторно се најдоа на листата на најуспешните. Приматот го има „Принцесс хотел и казино“,со нето-добивка од 215,98 милиони денари и 23-та позиција. „Конти Хидропласт“ е на 66 место со остварена нето-добивка од 89,9 милиони денари. На 85 место од првите сто најуспешни се вброи и „Текстилна коорпорација“ со добивка од 76,15 милиони денари. Фабриката за земјоделски и овошни преработки „Випро“ го обезбеди 174-то место, со реализација на годишна нето-добивка од 46,5 милиони денари.

Од податоците се потврдува дека определба за развој на елитен туризам во Гевгелија изминативе пет години ги остварува заложбите на инвеститорите. Одблизу 500 правни субјекти во општината, водечките два по сите споредбени критериуми погоре се од сферата на хотелиерство и од туризам во делот на казината со реализиран годишен приход од 2 милијарди и 750 милиони денари.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он