Шапуриќ ги претстави владините мерки пред компании во Радовиш

Од:

Министерот без ресор за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, вчера, при посета на компании во Радовиш, ја презентирал определбата на Владата за поттикнување нови инвестиции и извоз на производите од домашните претпријатија, кое ќе биде неселективно и транспарентно, информира денеска Кабинетот на министерот.

Од раководството на компаниите, стои во соопштението од Кабинетот, е искажан особен интерес за владините мерки и е изразено задоволство од нивното воведување.

На средбата претставниците на петте компаниите што ги посетил министерот ги изнеле проблемите со кои се соочуваат. Проблемите на кои укажале ќе бидат презентирани во Владата и ќе се работи на нивно што поскоро решавање, најавил Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Изгореа деловен објект и помошна просторија во Радовиш

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

Радовишко село цел месец без вода: Не се издржува на овие топлини, сила немаме

(ВИДЕО) Хаос на турнир во мал фудбал во Радовиш: Општа тепачка, боскови, летаат столчиња

Тешко повреден пешак во Радовиш

Уапсен e маж кој допирал радовишанка со здравствени проблеми