Серафимовски: Се надевам дека ќе се даде препорака градежништвото да работи и во недела

Од:

Се надевам дека ќе се примени исклучокот во Законот за недела неработен ден со кој министерот може да даде препорака дека градежништвото може да работи и во недела, порача денеска Андреја Серафимовски, претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија.

-Градежништвото е изоставено од законското решение за недела неработен ден како посебна гранка за која е дозволено да се работи во недела. Тоа сериозно ќе го погоди градежниот сектор и ќе влијае на организациските услови во кои работат градежните фирми, а ќе влијае и на приходот и трошоците кои ги имаат градежните фирми при организирање на процесот на изградба, рече Серафимовски во одговор на прашање пред денешната работна средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Стопанската комора.

Тој посочи дека домашните градежни компании работат на автопатски решенија по проекти од современ карактер каде,како што рече, се применуваат технологии кои не распознаваат работни и неработни денови.

-Овие технологии не распознаваат дали е дозволено да се работи во некои денови или не. Тоа сериозно ќе го разговараме со министерот и се надевам дека исклучокот да може да даде препорака да работиме и во недела ќе ни помогне во целост да не ги запреме капиталните проекти, рече Серафимовски и додаде дека гарантира оти капиталните проекти ќе имаат забавен темпо од она што сега го имаат доколку не се промени законското решение за недела неработен ден за градежниците.

Потенцира дека градежните компании и досега беа многу ограничени со работните часови и додаде дека има и премногу празници во текот на годината.

-Кога на сето тоа ќе дополните недела неработен ден ќе сфатите дека градежниците не можат да врзат еден континуиран циклус за работа. Сметам дека мора на градежните компании да им дозволиме да работат и во недела согласно најавените проекти и фактот што мора да се развиваат за да излезат во странство и да им конкурираат на многу посовремените компании, потенцира Серафимовски.

Министерот Бочварски истакна дека смета оти во секој закон и во секој дел од општеството треба да се најде одреден баланс кој, како што рече, ќе значи сигурност и за работодавачите, во овој случај градежниот сектор, и за работничките права.

-Законот кој е донесен е сериозно издискутиран во минатиот период и сметам дека е добро решение со цел да овозможиме да го покачиме нивото на работничките права, со сите исклучоци кои ги дава законот со сите процедури да се оправда одредено исклучување од обврската за недела неработен ден. Сметам дека е добро решение и за работниците и за работодавачите, посочи Бочварски.

Би можело да ве интересира

Синдикатот е против враќањето на „работна“ недела

Стопанската комора сака средба со синдикатите за „недела неработен ден“

Градежен работник од Турција се повредил на градилиште во Скопје

Кривични пријави за смртта на багеристот на објект во Дебар Маало

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска