Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Од:

Забраната за работа во недела во Хрватска стапи на сила на 1 јули, а информациите говорат дека одлуката во пракса се покажала како лоша.

Хрватските медиуми пишуваат дека се уште постои можност работите да се вратат на стариот режим доколку уставните судии го прогласат за неуставен новиот Закон за трговија.

Истражувањето на најчитаниот хрватски портал Index.hr покажува дека 75 отсто од луѓето се за укинување на забраната за работа во недела, додека 25 отсто се против.

Уставниот суд веќе двапати ги укина обидите за ограничување на работата на продавниците во недела – во 2004 и 2009 година, но се чини дека оваа верзија на законот има добри шанси да помине пред Уставниот суд.

Од Здружението „Гласот на претприемачите“ посочуваат дека законот е дискриминаторски и во делот каде што пропишува исклучоци со кои се дозволуваат одредени деловни субјекти да работат во недела или празници.

Адвокатката на здружението Доротеја Јурчиќ, исто така, вели дека е нејасно зошто законодавецот по трет пат тера само една група претприемачи, поточно трговците, додека не му паднало на памет да воведе вакви забрани за други активности.

Минатата сабота, на празникот, имаше голема гужва на автобуската станица во Загреб, каде граѓаните пристигнаа да пазарат. Голема гужва е регистрирана и на бензинските пумпи кои продавале дури и леб.

Здружението „Гласот на претприемачите“ (УГП) ги повика градоначалниците и раководителите на општините да овозможат работа за сите претприемачи кои сакаат да работат во недела и празници со прогласување настани или саемски денови за тие денови.

За да им се даде на луѓето право на работа, на Хвар и Брач ​​мораа да користат трикови за да ја избегнат оваа ситуација, па градовите Хвар, Супетар и Стари Град и општина Бол решија да прогласат саемски денови на 5 и 15 август кога е Големата Богородица.

Треба да се потсети дека неработната недела заживеа во неколку БиХ градови, и дека Владата на Федерацијата на БиХ наесен ќе го разгледа Предлог на Законот за внатрешна трговија, со кој се предвидува продажните објекти да бидат затворени во недела и на празници во Федерацијата БиХ.

Би можело да ве интересира

Монструм во Далмација силувал девојче со инвалидитет повеќе од 100 пати, доби 6 години

Две лица примени во болницата во Загреб под сомнеж дека се затруле од газирани пијалоци, пиеле Кока Кола

Скандал во Хрватска: Маж водел гола жена низ селото прикажувајќи ја како прељубничка

Младите ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на светското првенство, а потоа исчезнаа

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела