Сентену: ЕУ треба да го олесни долгот на Грција

Од:

Европска унија треба да разгледа олеснување на долгот на Грција и евентуално да дејствува без учество на Меѓународниот моментарен фонд (ММФ), изјави португалскиот министер за финансии Мариу Сентену.

– Треба да почне таква дискусија, истакна Сентену во интервју за германскиот весник „Билд“.

Министрите за финансии од еврозоната ќе разговараат за олеснување на грчкиот долг на средбата закажана идниот месец. Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле е против таквите мерки, бидејќи според него тоа ќе ги ослабне напорите за спроведување на реформи.

Сентену наведува дека ЕУ може да предложи намалување на долгот на Грција дури и ако не учествува ММФ.

– Европската валутна унија во исто време има многу силни институции. Можеме сами да се справиме со повеќето проблеми, посочи Сентену, додавајќи дека европскиот Пакт за стабилност и развој треба да биде преработен и заменет, а сегашните правила можат да бидат подобрени.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО