Вештачката интелигенција веќе не е технологија на иднината, туку дел од секојдневната работа на сè поголем број професии. Како одговор на овие промени, Семос Едукација ги надгради наставните програми на сите Семос Академии, интегрирајќи AI алатки и практична примена во наставата.
Од програмирање и анализа на податоци, до дигитален маркетинг, дизајн, човечки ресурси и проектен менаџмент, новите генерации студенти ќе се обучуваат со знаења и алатки кои веќе се користат во компаниите.
„Не е доволно само да се следат технолошките промени. Образованието мора да оди чекор пред нив. Затоа програмите ги усогласуваме со начинот на кој денес функционираат компаниите и со вештините што работодавачите веќе ги очекуваат од новите професионалци“, велат од Семос Едукација.
Покрај практичната настава и работата на реални проекти, студентите добиваат пристап до менторство од експерти од индустријата, поддршка од Кариерниот центар на Семос Едукација и можност да станат дел од заедница на професионалци, алумни студенти и компании кои активно ги следат најновите технолошки трендови.
По повод отворањето на уписите за септемврискиот циклус, Семос Едукација ја започнува и Summer Special кампањата, со 15% попуст на сите академии во ограничен временски период.
Summer Special попустот важи за сите академии во рамки на Семос Едукација, меѓу кои:
- Семос Академија Академија за развој на вештачка интелигенција (AI)
- Семос Академии Академија за Сајбер безбедност
- Microsoft Data & AI Институт | Официјална Microsoft програма | Семос Академии
- Семос Академии Vibe Coding – Full Stack Development
- Семос Академии Академија за Визуелни Ефекти
- Семос Академии Академија за Внатрешен Дизајн
- Семос Академии Академија за графички дизајн
- Семос Академии Академија за UX/UI дизајн
- Академија за Веб Дизајн (Full-Stack Академија)
- Семос Академии Академија за Game Development
- Семoс Академии Академија за Дигитален маркетинг
- Семос Академии Full Stack JavaScript Академија Акредитирана Програма
- Семос Академии Академија за Човечки Ресурси (HR)
Повеќе информации за академиите и септемврискиот уписен рок се достапни на веб-страницата на Семос Академии.
