Семос Едукација добитник на признание на Германско-македонскиот бизнис самит 2026

Од:

Семос Едукација доби признание во рамки на Германско-македонскиот бизнис самит 2026, настан посветен на технологијата, иновациите и дигиталната трансформација.

Самитот се одржа во Скопје и обедини околу 400 учесници и над 250 компании од Македонија, Германија и регионот. На настанот присуствуваа претставници од бизнис секторот, институциите и креаторите на економските политики. Годинешното издание се реализираше под мотото „Применетите технологии и дигитализацијата како двигатели на економскиот развој“, со фокус на иновации, дигитализација и вештачка интелигенција како клучни фактори за конкурентност и раст.

Програмата вклучи панел-дискусии, експертски излагања и презентации од компании, насочени кон практичната примена на технологијата, дигиталните процеси и развојот на човечкиот капитал. Особено внимание беше посветено на потребата од континуирана едукација и адаптација на работната сила на современите технолошки промени.

Семос Едукација активно учествуваше во програмата на самитот. Генералниот директор Валентина Тасева беше модератор на панел-дискусијата „AI во пракса: од имплементација до резултати“, каде се дискутираше за реалните предизвици и можности при воведување на вештачката интелигенција во компаниите.

Во рамки на програмата, Елена Трајковиќ, дата аналитичар и сертифициран Microsoft тренер, одржа презентација насловена „30 години стари и 30 години млади“, посветена на развојниот пат на Семос Едукација, клучните постигнувања на компанијата и нејзината улога во развојот на дигитални вештини и професионални кадри во изминатите три децении. Презентацијата беше дел од програмата преку која Семос Едукација се претстави пред учесниците на самитот и доби признание за придонес во областа на иновациите, дигитализацијата и современите бизнис практики.
„Последните години инвестираме во AI решенија, едукација и дигитална трансформација со јасна цел – да создадеме реална вредност за компаниите и професионалците. Технологијата денес не е дополнување, туку предуслов за конкурентност и ефикасност,“ изјави Тасева.

Ова признание претставува потврда за улогата на Семос Едукација како AI трансформациски партнер, со фокус на развој на знаења и решенија што имаат директно и мерливо влијание врз бизнисот.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Семос Едукација пред 1000 професионалци претстави практични AI решенија што ја поедноставуваат сметководствената работа

Семос Aкадемии со стипендиски фонд од 14.000 евра за 2026 година

Семос Едукација ги доближува дигиталните и AI вештини до младите преку ТОПСИ пакетот на Стопанска банка

Семос Едукација и Microsoft ги обучија институциите во Албанија за примена на вештачка интелигенција

Семос Едукација домаќин на AWS Community GameDay Europe во Скопје

Над 40 компании учествуваа на работилници за примена на вештачка интелигенција во бизнисот

А1он