Семос Eдукација, во соработка со Стопанска банка АД Скопје и преку младинскиот банкарски пакет ТОПСИ, овозможува 20% попуст на избрани курсеви и академии за сите корисници на ТОПСИ картички, со цел да се олесни пристапот до практични дигитални знаења и вештини.
Поволноста е наменета за млади на возраст од 14 до 28 години и опфаќа програми прилагодени на различни нивоа и интереси. За помладите (14–18 години), достапни се кратки и практични курсеви како Cybersecurity, користење на AI алатки, Social Media Toolbox, финансиска писменост и претприемништво. За студентите и младите професионалци (18–28 години), понудата вклучува подолгорочни програми како програмирање со Python + AI, Cybersecurity + AI, како и академии за Game Development, дигитален маркетинг, визуелни ефекти, внатрешен дизајн и full-stack development.

Сите програми се базирани на практична примена и реални сценарија, со фокус на стекнување вештини што се директно применливи. Вештачката интелигенција е веќе интегрирана во најголем дел од програмите, не како издвоена тема, туку како алатка што се користи низ различни области, со што учесниците стекнуваат конкретни знаења, релевантни за современиот пазар на труд.
Користењето на попустот е едноставно – корисниците пријавуваат курс или академија и го активираат попустот при запишување со ТОПСИ платежна картичка, онлајн или директно во просториите на Семос Едукација. Сите информации за пријавување и условите се достапни на semosedu.mk
Преку оваа можност, ТОПСИ клиентите можат да остварат заштеда до 9.000 денари, во зависност од избраната програма, при што вложуваат во знаење и професионален развој со долгорочна вредност.

„Во време кога дигитализацијата се развива со забрзано темпо, а вештачката интелигенција станува дел од секојдневното работење, токму овие вештини прават разлика. Вештачката интелигенција нема да ги замени луѓето, но оние што знаат правилно да ја користат ќе имаат јасна и долгорочна предност на пазарот на труд. Нашата цел е да им овозможиме на младите знаење што е практично, применливо и релевантно за реалниот работен контекст“, велат од Семос Едукација.

Во таа насока, и од Стопанска банка ја истакнуваат важноста на ваквите иницијативи како дел од пошироката поддршка за младите. „Веруваме дека вистинска поддршка за младите значи да им се даде можност да се насочат, да се надградуваат и да напредуваат преку развој на своите потенцијали. Со ова партнерство, сакаме да ги доближиме практичните дигитални знаења до што повеќе млади луѓе и да им помогнеме полесно да се изборат за своето место на пазарот на труд“, велат од банката.
Со оваа соработка, Семос Едукација дополнително ја зацврстува својата улога како партнер во развојот на дигиталните вештини, овозможувајќи им на младите полесен пристап до едукација што директно придонесува за нивниот личен и професионален развој.
ПР текст
