Се урбанизира најстарата индустриската зона во Гевгелија по скратена постапка

Од:

Најстарата индустриска зона во Гевгелија, каде што се лоцирани првите индустриски комплекси создадени уште од минатиот век, деновиве се урбанизираше по скратена постапка со усвојување на предлог-верзијата на урбанистичкиот план 10 без разгледување на првата фаза на планската документација во нацрт-верзија.

Планот бил изработен по Програмата за приоритетна изработка на урбанистички планови, односно без донесување на нацрт-план од Советот на општината, велат стручните служби од Одделението за урбанизам, архитектура и градежништво при Општината.

Со оглед на тоа што на површината од планскиот опфат, кој изнесува 56,51 хектар, има големи стопански комплекси, кои во процесот на трансформација на капиталот дојдоа до фаза на стечај, дел од имотните промени се важни за поширокиот круг граѓани и правни субјекти што имаат побарувања од стечајната маса и имотот на фирмите што се лоцирани во таа индустриска зона.

AD Zora vo Stecaj

Така, „Зора“ А.Д во стечај упати реакција со барање до Општина Гевгелија точката за донесувањето на УП за Блок 10 да биде симната од дневен ред поради тоа што „предметната локалција по делбениот биланс 2000 година спаѓа во имот на ЗОРА А.Д. во стечај Гевгелија“. Како причина за барањето стечајниот управник Драган Шеќерџиев навел дека за ваквата постапка не се запознаени органите на стечајот, т.е. Одборот на доверители на ЗОРА А.Д. во стечај Гевгелија.

Наместо да постапи по укажувањата, Советот на општината точката за донесувањето на УП Блок 10 на последната седница ја постави како прва за разгледување од дневниот ред, донесувајќи ја експресно со мнозинство гласови, иако во првично предложениот редослед беше позиционирана како 36-та точка по ред од вкупно 50-те колку што беа предвидени за редовната деветта седница.

За јавноста остана симптоматично зошто толку се брза со донесувањето на урбанистичкиот план за најстарата индустриска зона во Гевгелија, ако тоа не е во прилог на стопанството. Поголемиот дел од површината на земјиштето, покрај лесна и незагадувачка индустрија, мали комерцијални и деловни намени, деловни простории, сервиси и стоваришта, комунална инфраструктура и супраструктура е наменета и за хотелски комплекси. „Каде во сред индустриска зона и хотели во Гевгелија?“, се прашува јавноста. Кому му се брза толку со градењето за да се форсира измена на Генералниот урбанистички план на општината за да се официјализира донесувањето на деталниот урбанистички план за Блок 10?

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он