Се укинува функцијата втор извршен директор на Македонската берза

Од:

Македонската берза отсега наместо девет ќе има осум членови на Одборот на директори. Со одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза се укинува функцијата втор извршен член на Одборот на директори со што отсега одборот ќе биде составен од седум неизвршни и еден извршен член.

Со тоа извршниот член на Одборот на директори ќе биде главен извршен директор на Македонската берза и тој ќе ги извршува сите овластувања кои досега ги вршеше вториот извршен директор.

Одлуката за измени и дополнувања на Статутот на Македонската берза беше одобрена на вчерашната седница на Комисијата за хартии од вредност.

На седницата, Комисијата за хартии од вредност даде согласност и за Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за работа на Централниот депозитар  за  хартии од вредност. Со  измените се воведуваат одредени процедури, кои досега не биле утврдени во правилата за работа, кои  се дел од секојдневното работење на Депозитарот. Измените се воведуваат на барање на членките на Депозитарот.

Би можело да ве интересира

Голем пад на Волстрит

Царинската војна збриша 5.000 милијарди долари за два дена

Стриминг платформата GLEY ќе бара инвеститори преку Берза

Катерина Ѓуровски

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он