Се размислува лицата со попреченост да бидат вклучени во петтиот сет мерки

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека се размислува за тоа лицата со попреченост да бидат вклучени во петтиот сет економски мерки за помош на последиците од пандемијата.

„Дел од лицата со попреченост спаѓаат во групите кои беа претходно опфатени, дел од пензионерите се лица со попреченост, исто така и дел од регистираните баратели на работа“, рече Шахпаска.

Таа е оптимист дека оваа категорија граѓани ќе биде меѓу оние кои ќе добијат економска помош од Владата.

„Имавме вчера разговор со вицепремиерот за економски прашања. На крајот верувам дека и овие лица ќе бидат вклучени, имам сознанија дека уште многу малку останале неопфатени“, рече Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

A1on

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа