СДСМ: Владата ги намалува долговите што ги создаде ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Преку расипничкото и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ го направи најголемото задолжување кога парите на граѓаните ги трошеше за лажен барок, споменици, ЛЕД екрани и криминално богатење на поединци на сметка на осиромашените граѓани и држава.

За разлика од таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги рационализира трошоците, ја раздолжува државата и ги враќа парите назад кај граѓаните. За само еден месец Владата предводена од СДСМ врати долгови од 122 милиони евра, а вкупниот долг го намали за околу 55 милиони евра.

Со ребалансот на Буџетот се кратат непотребните трошоци со што се ослободуваат средства за поддршка на домашните претпријатија за зголемување на минималната плата на 12 000 денари веќе од септември. Македонија оди напред, политиките во економијата носат придобивки за граѓаните, стопанствениците и државата и ставаат крај на енормното трошење на државните пари за остварување на лични и партиски интереси“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана