СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

Од:

Со големо чудење и разочараност СДСМ ја прими информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија. Додека тој од Охрид порачува едно, во реалноста прави сосем друго. Унгарскиот амбасадор во ЕУ гласал за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ што е практично може да значи и крај за шансите на државата да продолжи кон унијата, велат од СДСМ.

„Ако Орбан и Мицкоски се стратешки партнери а пријателството меѓу две земји е вистинско, тогаш требаше да го спречи раздвојувањето и да понуди решение. Унгарија требаше да го искористи својот авторитет како земја претседавач да најде решение наместо во рамки на нивното претседателство да се случи раздвојувањето. Мицкоски освен очигледен интерес околу кредитот од Унгарија и веројатно други бизнис интереси, не успеал од Орбан да обезбеди никаква поддршка за ништо друго во интерес на граѓаните и иднината на државата“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Маѓар: Приведен e братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард