ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

Од:

Денес е тешко да се СДС, од една страна Орбан ги попари нивните лаги дека наводно парите од Унгарија биле кинески, второ, се откри дека само СДС и ДУИ се радуваат од раздвојувањето на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

СДС доживеа пораз на отворена меѓународна сцена. Оваа партија освен што оди полека но сигурно кон заборав, не се срами тој пат да продолжи да и е исполнет со лаги и манипулации кои денеска излегоа на површина и директно беа демантирани.

И наместо да покажат ронка доблест и да се извинат на јавноста, тие продолжуваат по патот зацртан 2017-та година на лаги, измами и неморално однесување, патот кој на Филипче му го одреди неговиот духовен водач, Зоран Заев.

Срамот и бламот на СДС кој денес стана очигледен дури и за оние шест посто преостанати нивни поддржувачи, е само проблем не само за нив туку и за цела држава, затоа што ефектите и последиците од тоа нивно срамно, корумпирано однесување на ниво на гејша која не и мисли добро на државата, сега кулминираат оставајќи ја државата и народот во една крајно сериозна ситуција.

Но, ВМРО-ДПМНЕ има сериозен и сеопфатен план и ќе постапува согласно националните и државни интереси и нема да дозволи нови потценувања, затоа што од понижувањата кои СДС и ДУИ ги приредија на народот и државата веќе на сите им е доста и видовме до сега што направија и во каков безизлез не одведова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

„Разговори за иднината во 12:05: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески