СДСМ: Расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на плати во АРМ

Од:

„Ниту едно празно соопштение на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие нивното 11 годиншно тајно и расипничко задолжување за луксузирање и криминално богатење на Никола Груевски и неговите соработници на сметка на осирамшените граѓани.

Со таквото скапо и расипничко задолжување ВМРО-ДПМНЕ ги осиромаши граѓаните и го наруши угледот на Република Македонија. Расипничкиот однос кон парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја загрози и исплатата на плати на припадниците на АРМ, како и одржувањето на мировните мисии во странство. Поради неодговорниот однос на претходната Влада, во Министерството за одбрана недостасуваа околу 100 милиони денари за плати, осигурувања и дополнителен ангажман. Преку ребалансот на Буџетот и со рационализацијата на трошоците обезбедени се парите за целосна и навремена исплата на обврвските кон припадниците на АРМ.

Наместо тајните скапи и неконтролирани задолжувања, Владата предводена од СДСМ преку одговорно, отчетно и домаќинско работење ја намалува стапката на задолженост, ги враќа долговите направени од ВМРО-ДПМНЕ, а парите наместо за лускузузирања, ги насочува кон граѓаните и нивните потреби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана