СДСМ: По пустошот што го направи ВМРО-ДПМНЕ, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години криминално и расичнички ја уништуваше економијата, денес, кога се санираат штетите од нивното криминално владеење шири лажни вести и невистини.

ВМРО-ДПМНЕ лаже. Не се доведени во прашање ниту пензиите ниту социјалните трансфери. Ниту пак економијата е пред крах како што лажно обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив, по пустошот што ВМРО-ДПМНЕ го направи, економијата е стабилизирана и се движи во добар правец. Преку реални и одржливи економски политики на Владата предводена од СДСМ во Македонија има раст на економијата но и на инвестициите. Имаме рекордни износи на странски инвестиции од 327 милиони евра во првото полугодие од годинава.

Растат странските инвестиции но расте и извозот, зголемена е инвестициската активност на компаниите, платите се зголемуваат, расте индустриското производство, а државниот долг што го остави ВМРО ДПМНЕ е намален.

Целта на Предлог-ребалансот на Буџетот за 2018 година е да се направат корекции на расходната страна со цел да се зајакнување на Фондот за здравствено осигурување Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Агенцијата за вработување, како и да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел да се намалат долговите на општините, направени токму во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатиот период раководството на ВМРО ДПМНЕ се профилира како кочничар на економијата и блокатор на иднината на државата, на членството во НАТО и ЕУ.

Неизвесноста може негативно да влијае врз економијата, а клучно за понатамошен раст и развој на економијата е стабилната политичката состојба, членството во НАТО и продолжување на процесот на преговори со ЕУ.

Затоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, треба да се откажат од деструктивното однесување на раководството на оваа партија, да ги поддржат процесите во Собранието и да ги изгласаат уставните измени“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он