СДСМ: Околу 50 милиони евра секоја година ќе се враќаат назад кај граѓаните

Од:

„Од 1 јули започнува реализација на клучна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ којашто обезбедува повеќе пари кај граѓаните.

За првпат ќе се реализира поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кај секој граѓанин.

Со оваа мерка на крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра.

Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус.

Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари директно во секое семејство.

Мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои како одговорна партија ги спроведовме за само 2 години

Минималната плата се покачи од 9.000 на 12.500 денари.

Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме евтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.

Социјалната помош е зголемена за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари.

ДДВ-то за парното го намаливме од 18 на само 5%.

Просечната плата е зголемена за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.

Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци.

Концептот „пари кај граѓаните“ е видлив и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. Ние како одговорна партија обезбедуваме повеќе пари назад кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава