СДСМ: Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ, овоштарите и Министерството заеднички ќе дојдат до решение за откупот на јаболка

Од:

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше и вршеше уцени и притисоци врз земјоделците, 11 години го потценуваше нивниот труд, а денес како опозиција шири лаги и глуми загриженост, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наспроти таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со земјоделците и спроведува мерки што го унапредуваат земјоделството.

Проблемот за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и глуми загриженост, се решава во интерес на јаболкопроизводителите.

За таа цел, веќе се одржа состанок во Министерството за земјоделство. шумарство и водостопанство со производителите на јаболка од Преспанскиот регион. Во тек се интензивни консултаци помеѓу Министерството и производителите на јаболка и веќе за неколку денови се очекува изнаоѓање решение со коешто ќе се амортизираат загубите на овоштарите и ќе се реши пласманот.

Во меѓувреме, за оваа година, финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка се зголемува од 33.000 на 41.000 денари по хектар, додека за оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари, поддршката расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

Истовремено, сите овоштари од преспанскиот регион ќе добијат за 15 отсто повисока субвенција за подрачја со ограничени можности, или во апсолутни бројки, субвенцијата ќе биде зголемена од 50.000 на 57.500 денари по хектар.

Исто така, со Програмата за 2019 година и трансформирањето на субвенцијата од килограм во единица површина, цената на индустриско јаболко се зголеми двојно“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март