СДСМ: Исплатени над 27 милиони евра за над 26.000 тутунопроизводители

Од:

„Продолжува грижата за земјоделците и тутунопроизводителите.

Исплатени се над 80 отсто отсто од субвенциите за предаден тутун. На над 26.000 тутунопроизводители исплатени им се над 27 милиони евра.

Исплатата на субвенциите за тутунот се реализира на еден месец пред почетокот на новата производствена реколта за 2019-та и овие пари тутунарите ќе можат да ги реинвестираат во новото производство на тутун.

И за оваа реколта се применува новиот модел на субвенционирање на три нивоа, односно субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Откупот на тутунот за реколтата 2018 е целосно завршен и повторно остварени се високи откупни цени, а просечната цена за предаден килограм тутун изнесуваше 214.24 денари.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со неселективна и навремена исплата на субвенциите со цел земјоделците парите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни за подготвени да ја дочекаат производствената сезона“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди