СДСМ: И оваа зима проблеми со струја и греење, иако за РЕК отидоа над милијарда евра?

Од:

„Раководството на РЕК Битола е должно веднаш да им одговори на граѓаните дали се загрозени грејната сезона и производството на електрична енергија?

Зошто е новата хаварија во електроенергетскиот комбинат и дали повторно работи само еден од трите блокови?

Блок 1 е исклучен подолг временски период. Блок 2 беше исклучен вчера.

Дали РЕК Битола нема доволно јаглен за нормално функционирање и затоа е исклучен блокот?

Покрај сите милионски договори за ископ на јаглен, менаџерите од ВМРО-ДПМНЕ во РЕК Битола не можат да обезбедат јаглен за месец септември?!

Што ќе се случи тогаш со новата грејната сезона? Дали со ова граѓаните се доведени во ризик за недостиг од топлинска и електрична едергија?

Во пролог на ова соопштиение има фотографии како изгледаат блоковите кога се хаварија.
Овие фотографии се направени само пред извесно време и од нив се гледа дека таа хаварија е направена од замор на материјалот.

Промена само на еден ваков дел чини повеќе од 1.000.000 евра!

А досега власта потроши, според проценките, над една милијарда евра во РЕК Битола за наводни ремонти и модерницазии од што бенефитот е само во џебовите на фамилијата. Бидејки секоја зимска сезона РЕК Битола едвај ја издржува, поради што е намалено произодството на струја на доманиот комбинат и плаќаме скапа увезена струка!

Предупредивме дека раководството на РЕК Битола работи неодговорното, има и сериозни индициции дека работат и криминално, а со вакви испади се загрозени и животи на работници!

За ова по декември одговорност ќе има“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски