Самсунг и Ел-Џи преговараат за индустриска соработка

Од:

Јужнокорејскиот конгломерат Самсунг Електроникс (Samsung) започна преговори со конкурентската компанија Ел-Џи (LG) за набавка на ЛЦД ТВ екраните, среде најавената транзиција кон производство на нова генерација на квантни екрани (QDD), јави агенцијата Јонхап.

Оваа најава за можна соработка доаѓа откако Самсунг објави дека ќе го запре производството на ЛЦД-екраните од 2021 година и ќе започне со производство и инсталирање на QDD-екрани на своите телевизори.

Економските аналитичари проценуваат дека овој деловен договор меѓу Самсунг и Ел-Џи би можел да вреди околу 850 милиони долари.

Иако овие две компании се конкурентНи на светскиот пазар, претходното искуство покажа дека тие можат успешно да соработуваат бидејќи во 2017 година Самсунг купи 65 и 75-инчни екрани од компанијата Ел-Џи.

Би можело да ве интересира

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во вредност од 17 милијарди долари

Ана Ололовска

ЛГ планира да престане со производство на телефони

Жарко Настоски

Профитот на „Самсунг“ намален за половина

Ана Ололовска