Самит на ЕУ: Економијата оди на подобро

Од:

Шефовите на држави или влади од Европската унија на денешниот состанок во Брисел заклучија дека мора да се прекине мигрантскиот бран во Европа.

Тие нагласија приврзаност кон Парискиот договор за спречување на климатските промени и оценија дека економијата во ЕУ се движи кон подобро.

– Првпат во Унијата има 232 милиони вработени, изјави на крајот од средбата претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Тој нагласи дека малку се зборува и за тоа дека се намалил буџетскиот дефицит во голем број држави кои имале проблеми, додека економскиот раст се зголемува.

Тие разговараа и за положбата на ЕУ во светската трговија и зазедоа став дека таа трговија мора да биде отворена, но и чесна. Став на Унијата е дека европските компании мора да се заштитат од нечесна и нерамноправна конкуренција во светската трговија.

Франција, Германија и Италија потенцираа да се прекинат кинеските инвестиции во Европа бидејќи фирми од ЕУ немаат ист третман во Кина.

Во врска со мигрантите, потврдена е решеност со „гарантен фонд“ од неколку милијарди евра да се поттикнат инвестиции во африкански држави од каде доаѓаат мигранти.

Во заклучоците од средбата на врвот е нагласено дека Парискиот договор за климата е од големо значење за напредокот и модернизација на европската економија.

– Договорот не може да биде предмет на дополнителни преговори, нагласуваат тие.

Туск наведе дека британската премиерка Тереза Меј синоќа кусо ги известила своите колеги од ЕУ за подготовките на Лондон за излез од ЕУ и дека тие предлози се оценети како недоволни пред се за правата кои државјани на ЕУ би ги имале по напуштањето на Велика Британија.

Лидерите одлучија до есен да се завршат сите подготовки за повлекување на Британија од Европската банкарска управа и Европската медицинска агенција.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија