Сакеларидис: Грција ќе ги исполни обврските кон ММФ до 9. април

Од:

Грција ќе ги исполни обврските кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) до 9 април, изјави владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис, јави радио Атина.

Сакеларидис изјави дека преговорите, што Грција ги води со кредиторите го намалиле растојанието, и дека на нив е постигнато приближување на позициите. Тој изрази надеж дека во следните денови ќе има дополнителен напредок и дека наскоро ќе биде постигнат позитивен резултат на средбата на Еврогрупата, на кој ќе биде ратификуван и договорот за дополнителна финансиска помош.

Изјавата на владиниот портпарол доаѓа, откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Вуцис се закани, дека неговата земја ќе го одложи плаќањето, што треба да го направи кон ММФ на почетокот на овој месец.

Станува збор за кредит во висина од 450 милиони евра, што Атина треба да ги врати до 9 април.

Би можело да ве интересира

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

Турист од САД е пронајден мртов на остров во близина на Крф, во Грција исчезнаа уште тројца туристи

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Исчезна Американец на грчки остров, по туристот е организирана голема потрага