Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе се обрати на манифестацијата „Сајт на годината 2012“, на која ќе бидат избрани победниците на номинирани веб-страници по категории.
Манифестацијата се одржува третпат и ја организираат „Медиа солушнс“ и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk под покровителство на Амбасадата на Словачка и Здружението на интерактивно огласување ИАБ Македонија.