Саемот за мебел од 9 до 14 октомври, ќе се воведат две вонредни автобуски линии

Од:

Саемот за мебел ќе се одржи од 9 до 14 октомври во комплексот ВИП Арена Борис Трајковски, а за полесен пристап дотаму ќе бидат пуштени две вонредни автобуски линии 100/1 и 200/1 со крајна постројка пред ВИП Арената.

Саемот ќе се протега на површина од 8.000 м2 со монтажни хали со еко-енергетски конструктивни елементи, двоен под и водоотпорни елементи. Ваквиот тип на хали, како што информираат организаторите, се позитивна пракса на организирање саемски манифестации во Милано, Келн, Минхен, Белград, Софија и Солун.

Над 70 изложувачи ќе ги претстават своите производи со низа попусти и поволности, а покрај домашните ќе учествуваат и изложувачи од Србија, Косово, Бугарија и Италија. Се очекуваат најмалку 30.000 посетители.

Годинава, во рамки на саемот ќе се одржат посебни едукативни настани важни за производителите и трговците на мебел, а во соработка со Факултетот за дизајн на ентериер за прв пат изложувачите ќе бидат оценувани според нови категории.

Билетите ќе бидат по цена од 100 денари, а групните посети по 50 денари.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Водечката компанија за опремување канцеларии во Регионот Адриа официјално отвори нов изложбен салон во Скопје

Предраг Петровиќ

Почнува Саемот на мебел 2023

Ана Ололовска

Прима е природен избор – природен дел од вашиот дом

25 години заедно, 25 години Мебел-Ви