25 години заедно, 25 години Мебел-Ви

Од:

Започнавме со едноставна идеја да внесеме свежина и да го подигнеме квалитетот на понудата на мебел во Македонија. И еве денес 25 години подоцна, како најголема компанија за мебел, заедно со Вас прославивме уште еден значаен јубилеј.

Задоволство ни е да соопштиме дека оваа јубилејна година ја заокружуваме со одличен резултат како на македонскиот пазар така и со зголемено присуство и континуиран раст и на поширокиот европски пазар.

Следејќи ги стратешките определби на компанијата, освен постојаното модернизирање на производниот процес, ставивме голем акцент и на зелената енергија. Започнавме и завршивме поставување на фотоволтаици на целокупната расположлива површина и со тоа нашата фабрика, магацини, како и сите продажни центри веќе користат зелена енергија и активно допринесуваат за зачувување на животната средина. Со ова сакаме да дадеме пример и да поттикнеме зголемено внимание кон овој сегмент и кај останатите компании од нашата индустрија.

Градежните активности на нашиот нов продажен центар во Струмица очекуваме да бидат готови во првиот квартал од следната година и со доаѓањето на пролетта, заеднички да го отвориме и нашиот 8ми продажен салон кој ќе биде еден од најголемите во државата. Со ова дополнително ќе ја доближиме нашата понуда до сите вас.
Јубилејниот 25ти роденден Мебел-Ви и вработените го прославија викендов на централен настан, со добра забава и многу дружење. На корпоративниот настан со сите 180 вработени, свое обраќање имаа сопствениците кои се заблагодарија на вработените и доделија признанија и бонус награди на сите оние кои се подолго време вклучени во развојот на компанијата и се дел од семејството на Мебел-Ви.

На настанот беа претставени и сите проекти кои ќе бидат во фокус во следен период и ќе овозможат и понатаму понуда на исклучителен и препознатлив квалитетен производ. Откриваме и сосема нови предизвици, заедно.

Најголема благодарност до сите наши клиенти и партнери со кои 25 години заедно создаваме, растеме и живееме! Ве покануваме на одлично дружење и супер празнични попусти во сите наши салони низ Македонија.

Квалитет на кој му верувате веќе 25 години.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Водечката компанија за опремување канцеларии во Регионот Адриа официјално отвори нов изложбен салон во Скопје

Предраг Петровиќ

Почнува Саемот на мебел 2023

Ана Ололовска

Прима е природен избор – природен дел од вашиот дом

90 илјади евра за кожени столчиња во МЕПСО

Мери Јордановска

Брендот „Весперо“ ексклузивно во салоните на „Технокооп“

Ана Ололовска

Технокооп – Како за своја куќа

Ана Ололовска