Саем на мебел од утре во 10 хали со над 400 изложувачи

Од:

Над 400 домашни и странски изложувачи од утре до 24 мај ќе ги претстават своите производи на Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2015. На 16.000 метри квадратни во 10 саемски хали ќе бидат претставени над 10.000 парчиња мебел.

Според организаторите, оваа манифестација е можност  да се види моменталниот светски тренд на мебел и дизајн. Она што е актулено и модерно на европскиот пазар за мебел, ќе биде презентирано и пред посетителите кои деновиве ќе го посетат Скопски саем.

За изложувачите Скопски саем традиционално организира конкурс за најдобри експонати на саемот по различни катергории во класа на производители и класа на трговци. Изборот го врши стручна комисија во која се вклучени и професори од Факултетот за дизајн и технологија за мебел, Архитектонски факултет, како и претставници на Асоцијацијата на архитекти, Министерство за економија и Кластерот на дрвна индустрија на Македонија.

Организаторите очекуваат  оваа година МЕБЕЛ 2015. да има околу 50.000 посетители кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата Опел Корса од наградната игра приредена за посетителите.

Саемот за посетители ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и за студени Скопски саем овозможува попуст од 50 проценти.

За времетраењето на МЕБЕЛ 2015 до 15-ти април, во Арт салонот на Скопски саем, кој се наоѓа во Управната зграда, ќе се одржи и изложба на слики и скулптури од дрво и карикатури од браќата Киро и Васил Урдин.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Водечката компанија за опремување канцеларии во Регионот Адриа официјално отвори нов изложбен салон во Скопје

Предраг Петровиќ

Почнува Саемот на мебел 2023

Ана Ололовска

Прима е природен избор – природен дел од вашиот дом

25 години заедно, 25 години Мебел-Ви