САД на чекор до банкрот

Од:

Републиканците во Претставничкиот дом во Конгресот на САД синоќа не се договорија за решавање на буџетската и должничка криза, а не се одржа ниту најавеното гласање.

Како што пишува „Вашингтон пост“, лидерите на републиканците не успеале да ги убедат конзервативните партиски колеги да го подржат компромисниот предлог, кој потоа би бил упатен во Сенатот, во кој демократите имаат мнозинство.

Теретот на договор сега го носи Сенатот, каде што лидерот на демократите Хари Рид изрази оптимизам околу договорот со демократите во тој дом на Конгресот.

Меѓутоа , медиумите оценуваат дека доколку и дојде до договор во Сенатот, тоа не значи дека Претставничкиот дом ќе го подржи тоа сценарио.

„CNN“, пренесе дека Сенатот денес претпладне би можел да гласа за својот предлог за буџет и продолжување на лимитот за задолжување. Во тој случај во текот на денот повторно се би се вратило во Претставничкиот дом.

Влијателните конзервативни групи “FreedomWorks” и “Heritage Action”, ги повикаа републиканските конгресмени да не дадат поддршка на каков било компромис на демократите и Обама и да дозволат САД по прв пат во историјата да се приближат до банкрот и неможноста да го сервисираат надворешниот долг.

Американските медиуми, веќе го гледаат тоа сценарио како реално. Иако во текот на претходните денови, се чинеше дека ставовите на двете страни се приближуваат, се случи нешто слично како и пред рокот за усвојување на буџетот, кога конгресмени блиски на Движењето за чајанки го блокираше договорот.

Републиканците претходно најавија свој предлог за излез од кризата, според кој лимитот за задолжување би бил продолжен до 7-ми февруари, додека финансирањето на федералните активности би продолжило до 15-ти декември, оставајќи време да се постигне траен договор.

Меѓутоа, тоа не ги задоволи конзервативците и денес е последен ден за евентуален договор помеѓу двете страни. Доколку денес не се најде решение, државата за прв пат во историјата ќе остане без готовина и нема да биде во состојба да ги плати обврските, бидејќи тогаш американскиот јавен долг ќе достигне 16, трилиони долари.

Економистите предупредуваат дека во случај на неусвојување на продолжување на лимитот за задолжување на владата, би дошло до катастрофални последици, не само за американската туку за светската економија. Би дошло до пораст на каматните стапки, намалување на вредностите на акциите на берзата, зголемување на невработеноста како и можност за нови рецесии.

Постои опасност и за исплатата на сите видови социјална и здравствена помош на американските граѓани, платите на припадниците на војската, средствата за плаќање даноци како и исплата на пари на оние кои ги вложиле во хартити од вредност во сопственост на САД.

Конгресот од 1960 до сега, 78 пати давал согласност за продолжување на лимитот за задолжување.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски