САД и Бразил по 12 години ставија крај на спорот околу памукот

Од:

САД и Бразил ставија точка на 12-годишниот спор околу американските субвенции за домашните одгледувачи на памук, при што САД се согласија на Бразилскиот институт за памук да му исплатат 300 милиони долари.

Според американскиот претставник за трговиа Мајкл Фроман, Бразил се согласи пред Светската трговска организација (СТО) да стави крај на постапката против САД, најголемиот светски извозник на памук, и да не покренува нови акции се додека актуелните мерки на САД останат во сила.

Во меѓувреме, САД ќе мора да се држат до договорените услови, односно да стават нови ограничувања на извозните субвенции за да американските одгледувачи на памук не би имале неправедна предност на глобалниот пазар.

Бразил, како четврти најголем извозник на памук во светот, уште во 2002 година се побуни против таквите практики на САД, наведувајќи дека американските субвенции ги кршат прописите на СТО. 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас