Русија забрани увоз на месни производи од Црна Гора

Од:

Руската служба за ветеринарен и фитосанитерен надзор (Росселхознадзор) воведе од денеска забрана за увоз на месо и месни производи од Црна Гора, изјави помошник-раководителот на Службата, Алексеј Алексеенко.

– Главната причина за забраната е нелегалниот реизвоз на месната индустрија од земјите од Европската унија. Доставките на месните производи од Црна Гора изминатиот период забележаа голем раст и тоа во обем, кој самата земја не би можела да ги произведе, истакна  претставникот на Росселхознадзор.

Според него Црна Гора на Русиа и доставувала претежно свинско месо и други свински производи.

– Црна Гора не е толку важен играч на пазарот на месните производи. Забраната нема да му нанесе удар на асортиманот од увезени продукти, рече Алесеенко.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски