Русија и ЕУ без решение за Кипар

Од:

Русија е подготвена да се приклучи во решавање на кипарскиот проблем, откако помеѓу земјите на ЕУ и Кипар се најде конечно решение, изјави денес премиерот на Русија, Димитриј Медведев по состанокот со претставниците на Европската комисија во Москва.

На заедничката конференција за новинари со шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, Медведев изјави дека сега главна задача е да се најде заедничко решение помеѓу ЕУ и Кипар, за да островската држава излезе од финанската криза.

Медведев изјави дека потоа Русија, која според различни проценти, држи десетици милијарди државен и приватен капитал во кипарските банки, ќе биде подготвена да ги разгледа различните можности за поддршка на таа држава. Тој додаде дека Москва ќе го продолжи дијалогот со Кипар и ЕУ.

Баросо пак истакна дека кипарските власти соопштиле дека нашле алтернативно решение, но дека се уште не се подготвени да го формулираат конечниот предлог, како и дека ЕУ не го добила.

-Разбравме дека Русија има одреден интерес за расплет на ситуацијата на Кипар – изјави Баросо, довајќи дека ЕУ и Кипар не смеет да губат време за решавање на тој проблем.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар