Росоман ќе добие центар за туризам

Од:

Формирање центар за туризам и македонско-грчки кластер, се само дел од активностите предвидени со проектот за прекугранична соработка со Грција што го реализираат фондацијата „Тиквешки вински пат“ и општината Росоман.

Во рамки на проектот вреден над 500 илјади евра, од кои над 200 илјади за Росоман, треба да се реализира и промотивна туристичка тура низ Македонија и Грција за новинари и тур-оператори, насловена „Земја на виното”.

Според извршната директорка на „Тиквешки вински пат” Виолета Јанкова, проектот опфаќа и реконструкција на старата училишна зграда во Росоман.

– Таму ќе добиеме центар за туризам и изложба на храна и вино. Ќе формираме македонско-грчки кластер и ќе вршиме едукација за претставници на неговите членки. Ќе изработиме и промотивни материјали, рече Јанкова за МИА.

Почетниот состанок меѓу двете страни се реализираше викендов во Солун. Како што информира проект-менаџерот Ѓорѓи Крстевски од росоманската локална самоуправа, на средбата биле усогласени идните активности, но и разгледани можностите за нови соработки.

Од грчка страна, во проектот се вклучени Министерството за внатрешни работи, Италијанско-грчката комора, Универзитетот Аристотел со отсекот за туризам.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

Орце Костов

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода