Ромпуј: Решавањето на проблемите на Кипар е клучно за стабилноста на еврозоната

Од:

Справувањето со финансиските проблеми во Кипар е клучно за деликатната стабилност на еврозоната, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, засилувајќи ги шпекулациите дека се очекува спогодба за спасувачката помош за островот, пренесе ДПА.

-Во последните денови не преземаме ризици со финансиската стабилност, туку се занимаваме со тешки прашања, како Кипар на пример, за да ја зачуваме оваа финансиска стабилност во нашите земји членки и на ниво на еврозона, посочи Ромпуј по разговорите во Брисел со лидерите од ЕУ, во текот на првиот дел од самитот.

Германскиот канцелар Ангела Меркел синоќа, пак, даде резервирана изјава  пред денешната средба на Еврогрупата за разгледување на ситуацијата во Кипар. Таа забележа дека „се посакуваат брзи дебати“, но и дека е важно, исто така, прашањата да се решаваат на разумен начин.

Меркел додаде дека не би можела да прогнозира каков напредок ќе постигнат министрите за финансии од еврозоната на вечерашната вонредна средба.

Дипломати изјавија дека очекуваат на овие разговори да се постигне спогодба за финансиски спас на Кипар.

Луксембуршкиот премиер и поранешен претседател на Еврогрупата Жан-Клод Јункер посака вечерашното заседание на министрите од еврозоната да даде можност за завршување на планот за Кипар.

На заседанието на Еврогрупата не треба само да се работи за напредокот за прашањето со Кипар, туку и да се најде решение, посочи Јункер по првиот ден од средбата на врвот.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар