Родителите во Шведска рамноправни во 2037

Од:

Исплатата на т.н. бонус на рамноправност за брачни парови во Шведска кои го делат меѓу себе користењето на породилното отсуство, беа четирикратно зголемени лани во споредба со 2011 година, јави дописникот на МИА.

Во текот на 2012 година 150.000 шведски родители ја делеле буџетската ставка ослободена од данок во вкупен износ од 219 милиони шведски круни (околу 25 милиони евра).

– Сумата може да се зголеми. За жал, недоволно се знае за овој бонус во пошироката јавност, вели Никлас Лофгрен при Благајната за социјално осигурување.

Шведски татковци лани искористиле 24,4 отсто од деновите предвидени за родителско отсуство, а што претставува пораст од 0,7 отсто во споредба со 2011 година.

Ако овој пораст продолжи со ист такт, должината на користењето на породилното отсуство би можела да се изедначи меѓу двајцата родители во 2037 година, јави Шведската телевизија.

Според важечката законска регулатива, таткото во Шведска има право на половина од предвидениот период за родителско отсуство.

Родителите вкупно имаат право на 480 слободни денови, а што значи дека на секој родител му следуваат 240 денови. Должината на родителско отсуство од работно место во Шведска вкупно може да трае 1,5 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата