РКЕ: Потрошувачите кои се приклучени на БЕГ да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија.

Од:

Постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија велат од Регулаторната комисија за енергетика.

– Од друга страна пак согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга. Потрошувачот има обврска да го плати износот на доспеаната фактура и неплатените фактури од претходните календарски месеци наведени во фактурата за последниот календарски месец – стои во Правилата за снабдување со топлинска енергија се вели во соопштението од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Од денеска до 30 април, парно треба да има ако температурата е 12 степени

Потпишан Меморандум за соработка меѓу РКЕ и РЕГАГЕН

Работиме на мерки како месечно отчитување, како и вонредна проверка на броила велат од Регулаторна

Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Поскапува парното за 5,03 отсто

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски