Ристовски: Нема ризик по исплатата на пензиите, опозицијата во безидејност ги користи како резервна тема

Од:

Средствата во приватните пензиски фондови и во државниот пензиски фонд се сигурни. Пензиите ќе се исплатуваат и нема никаков ризик во нивната исплата ниту сега, ниту во следниот период, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, демантирајќи ги вчерашните тврдења на опозицијата дека 300 илјади граѓани од вториот пензиски фонд се оштетени со законските измени за пензиските фондови.

„Најголемата опозициска партија како што се декларира, во услови на безидејност за прес-конференции секогаш се обидува да одржи прес-конференции со кои ќе ги заплаши граѓаните, а резервна тема за тоа им се пензиите, без разлика на тоа дали станува збор за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или за приватните пензиски фондови.

– Би сакал да аплелирам до граѓаните дека средствата им се сигурни и стабилни во приватните фондови. Државата ги контролира и гарантира тие средства и нема никаков ризик по однос на исплатата и нема да има никакво намалување“, изјави Ристовски.

Би можело да ве интересира

Седница на ИО: СДСМ против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Партијата на пензионери е против зголемување на прагот за пензионирање

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Катерина Ѓуровски

Левица: Фискален совет предлага покачување на старосната граница за пензија на 67 години

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии