Партијата на пензионери е против зголемување на прагот за пензионирање

Од:

Партијата на пензионери категорично е против и не ја прифаќа иницијативата за зголемување на прагот за пензионирање, кој сега изнесува 64 години живот.

За Партијата на пензионери, исто така, се неприфатливи и неразумни образложенијата на предлагачите на ваквата иницијатива, која наводно има за цел да се подобри финансиската положба на Фондот за ПИО, како и да се намали зависноста од државниот Буџет.

Причини за ваквиот став се:

– зголемената зависност од државниот Буџет, во овој и идниот период, за редовна исплата на пензиите, не е никако поврзана и предизвикана од актуелниот законски праг за остварување на право на старосна пензија, бидејќи, во периодот од донесување на оваа законска одредба, па се до Одлуката на Владата за линеарно усогласување на пензиите, зависноста на Фондот за ПИО кон Буџетот на државата континуирано се намалуваше.

– доколку се подигне прагот за пензионирање на 67 години се намалуваат шансите за вработување на младите кадри и се зголемува притисокот за нивно заминување во странство.

– животниот век на граѓаните во земјава, по пензионирање, а и општо, поради полошите услови за живот од оние во развиените земји, е меѓу најкратките во Европа.

– не е реално да се очекува исполнување на заложбата на работодавачите за зголемена продуктивност од работници на возраст над 64 години.

Поради наведеното, Партијата на пензионери, како единствен политички субјект на пензионерите во земјата, наведува дека подржува креирање, исклучиво и само, политики со кои на нашето стопанство му се помага да може да оствари:

– отворање на нови и подолгорочно одржливи работни места,

– зголемување на вкупниот број на вработени, особено млади, како и редовно исплаќање на плати и придонеси.

– зголемување на сите плати и реалната куповна моќ на вработените,

– намалување на сивата економија, и

– зголемување на процентот кој се исплаќа за придонеси од плата (ПИО и ФЗО), доколку се појави акутна потреба за интервенција за заштита на стабилноста на ФПИО и редовна исплата на пензиите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна