Ресторани во светот ќе работат ограничено за да не трошат струја, Рама бара помош за Балканот од ЕУ

Од:

Премиерот на Албанија, Еди Рама посочи дека во светот се прават планови да се затвораат бизниси поради високите цени на струјата, но и недостатокот од струја за време на зимата. Тој упати порака и до ЕУ: „Немојте да ја направите истата ситуација како во пандемијата, кога Балканот сам трчаше да бара вакцини, а вие се затворивте“.

„Се прават планови за кратење на електричната енергија, кои изгледаат како да се излезени од поглавијата на некои од книгите на Сарамандес, а не од ЕУ. Тоа се планови кои што содржат исклучување на електричната енергија, на учичното осветлување, на светлата во дуќаните, тоа значи дека ќе има затворање на ресторани, кафитерии, клубови. Тоа значи затворање на животот во 10 часот, исто како што беше за време на пандемијата, за да штедиме електрична енергија. Зборувавме што ќе нѐ чини тоа, како можеме да олесниме на граѓаните“, кажа Рама.

Тој упати апел до Брисел: „Бараме финансиска поддршка, надвор од нашите буџетски поддршки. Трошоците ќе бидат неверојатни!“.

„Ние во Албанија донесовме одлука за која не сум убеден дека е амбициозна или е луда идеја. За да не се промени цената на електричната енергија за семејствата и малите бизниси, а да ја имаме истата цена како и пред енергетската криза, плаќаме стотици милиони евра од буџетот на државата за да се покријат трошоците. Можеш да имаш пари, но да не најдеш струја за да ја купиш, затоа ни треба ваквата соработка. И јас од денеска сакам да се обратам до ЕУ, да апелирам, можеби ќе се повторам, да не го направи истиот срам за време на пандемијата – памтиме како земјите од Балканот мораа да трчаат до Русија, Кина, Турција, за вакцини. Бидејќи ЕУ се затвори и се грижеше само за нејзините земји членки“, додаде Рама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов