Реактивиран штрајкот во „Еурокомпозит“

Од:

Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ го реактивираа штрајкот, бидејќи, како што велат, не е исполнета Сспогодбата потпишана на 28 јули меѓу генералниот директор, Владата и Гранскиот синдикат за индустрија, енергетика и рударство за навремено исплаќање на платата.

Според Влатко Чурлиноски, претседател на синдикалната организација на наменската фабрика „Еурокомпозит“, со Спогодбата работниците до 25 јули требаше да добијат плата за јануари оваа година.

– Го реактивиравме штрајкот кој беше во мирување. На 28 јуни беше потпишана Спогодбата за навремено исплаќање на платата. Со неа, генералниот директор се обврза до 25 јули да исплати јануарска плата од оваа година. До денес платата не е исплатена и затоа го реактивирвме штрајкот. Во телефонскиот разговор со генералниот директор Марјан Додовски, тој рече дека не дава плата зашто договорите не се исполнети, иако работниците трудољубиво работеа во отежнати услови, ијави Чурлиноски.

Синдикалната организација бара од Владата итно да се реши ситуацијата во последниот загубар во државава.

– Сметаме дека Владата, како потписник на Спогодбата, треба да најде итно решение за ситуацијата и да ја обезбеди платата договорена со спогодбата. Потсетуваме дека при потпишувањето на Спогодбата парите за платата не беа условени од договорите. Според Спогодбата, до 15 август треба да се исплати и февруарската плата. Бараме да се обезбедат репроматеријали за продолжување на произвоството, максимално да се забрза процесот со технолошки вишок со пакет мерки за социјална сигурност на вработените. Во моментов немаме ниту здравствено осигурување поради старосната граница од 55 до 60 години. Бараме и ревизија за работењето во фирмата од 2008 година досега. Во најкус можен рок да се реши раководењето и управувањето со фирмата, бидејќи геералниот директор има дадено заверена оставка, а фирмата функционира со координатор, рече Чурлиноски.

Доколку не се остварат овие барања, вработените, посочи, се подготвени на порадикални мерки.

Додовски потврдува дека има поднесено оставка од 26 јули и стои на ставот дека дел од вработените не ги испочитувале обврските и не се исполниле роковите за работа.

Според претставникот на гранковиот синдикат за индустрија, енергетика и рударство Лазар Ангелески, некој сака да ја продолжи агонијата во фирмата.

– Плата не е исплатена, ниту се обезбедени репроматеријали за работас. Она што е обезбедено за работа е околу 20 насто, така што сите изјави дека работниците не ја извршиле својата работа, паѓаат во вода. И да ја извршеа, плата немаше да добијат. Затоа, очекуваме во најбрз можен рок договорна средба со Владата како гарант на Сспогодбата да ја изврши својата обврска, истакна Ангелески.

Тој побара итно да се обезбеди работа за вработените и да се актуелизира прашањето за технолошкиот вишок.

– Ова е наменска фирма која работи за потребите на МВР и Министерството за одбрана и не треба да биде проблем да се обезбеди работа. Во фирмата има превработеност, 30 до 40 насто се на возраст над 60 години. Тие лица може веднаш да остварат право на технолошки вишок. Се надевам дека ќе биде изнајдено решение, зашто верувам тие што ја потпишаа Спогодбата се сериозни да најдат решение. Ова е и апел да има нова средба за да се договорат сите активности за работниците да продолжат да работат, зашто знаат дека без работа нема леб, рече Ангелески.

Во „Еурокомпозит“ има околу 250 вработени, а фирмата им нема платено пензиско осигурување последните пет години.

Би можело да ве интересира

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики